Нови вработувања во администрација – ниту еден Албанец, еден Ром и еден Турчин

Додека јавната администрација е пренатрупана со вработени, а дел од нив седат дома и земаат плата, Министерството за здравство бара 14 административци, од кои 12 да бидат Македонци, еден Ром и еден Турчин. На конкурсот за ова работно место не се бара ниту еден Албанец. Конкурсот е објавен во “Службен весник“ од Агенцијата за администрација.

  1. Раководител на одделение за мобилност и вработување во државна служба
  2. Раководител на сектор за коoрдинација и стратешко планирање
  3. Раководител на одделение за превентивна здравствена заштита
  4. Помлад соработник за анализа на болничка дејност
  5. Помлад соработник за Административна поддршка за техничка имплементација на ИПА проекти
  6. Раководител на одделение за буџетска контрола
  7. Помлад соработник за следење и подготовка на извештаи за реализација на буџетот,
  8. Помлад референт за прибирање на податоци и ажурирање во системот за податоци (Ром)
  9. Помлад референт за прибирање на податоци и ажурирање во системот за податоци
  10. Раководител на одделение за координација на возен парк и општо технички работи
  11. Помлад соработник за подготовка, координирање и планирање на активности од одделение
  12. Самостоен референт за техничка обработка и внесување на податоци во дата базата
  13. Помлад соработник за Администрација и техничка поддршка за дата база (Турчин)
  14. Помлад соработник за правна поддршка за спроведување на постапка за јавни набавки

Од Министерството за здравство, за ТВ21 велат дека во овој ресор не е предвидено вработување на Албанци, бидејќи има рамноправен баланс. Вработени се 62% Македонци, 34% Албанци, само по еден Ром, Влав и Бошњак.

Огласот за вработување е објавен на 7-ми октомври и ќе трае 15 работни дена. Во ресорот здравство нема вработен ниту еден Турчин.

Извор: ТВ21