Македонија

Новинарот Боби Христов прогласен за технолошки вишок, ССНМ бара Телма да ја преиспита одлуката

Новинарот Боби Христов прогласен за технолошки вишок, ССНМ бара Телма да ја преиспита одлуката

ССНМ изразува сериозна загриженост поради најавената реорганизација во телевизијата Телма, со која позицијата на долгогодишниот уредник и новинар Боби Христов се укинува и тој се прогласува за технолошки вишок. Синдикатот соопшти дека целосно застанува зад својот член и го повикува раководството на телевизијата да ја преиспита одлуката, водејќи сметка за работничките и професионалните права.

„Според известувањето кое беше доставено до Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ТВ Телма започнува процес за прогласување на технолошки вишок во компанијата, заедно со нова програма и прераспределба на работни позиции. Но загрижува фактот што реорганизацијата е насочена само кон едно лице – долгогодишниот уредник и новинар Боби Христов чијашто позиција целосно се укинува и се прогласува за технолошки вишок. Загриженоста не само за работничките туку и за професионалните права и слободата на новинарите е уште поголема, земајќи го предвид фактот дека реорганизацијата и новата програма директно таргетираат долгогодишен искусен новинар“ соопшти ССНМ.

Од Синдикатот велат дека ваквите сериозни структурни промени во медиумите кои имаат за задача да го штитат јавниот интерес мора да се прават внимателно, според сите законски прописи, но и имајќи ја предвид чувствителноста на состојбата во медиумската сфера.

„Во исто време предупредуваме дека ова се случува со докажан новинар и тоа кога во Македонија има недостаток на нови кадри во медиумите и пред сè, независни и новинари со кредибилитет“ посочуваат од ССНМ.

Оттаму го повикаа раководството на ТВ Телма уште еднаш внимателно да ја разгледа одлуката за прогласување технолошки вишок, притоа земајќи ги целосно предвид правата на работниците.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни