Живот

Новиот „Ајфон 13“ овозможува сателитски разговори?

Пристига времето кога ќе биде претставен новиот „Ајфон 13“, а шпекулациите, кои го привлекуваат вниманието, е дека истиот ќе овозможува сателитски разговори.

Ова го тврди познатиот аналитичар Минг-Чи Куо, а истото значи дека мобилните телефони ќе можат директно да се поврзат со „Сателитите во ниската Земјина Орбита“ (ЛЕО) благодарение на чипот „Квалком Икс-60“.

Сателитите ЛЕО се најпознати како „рбетот“ на мрежата на „Старлинк“, која има за цел да ја покрие Земјата со интернет, но „Старлинк“ не е единствената компанија која користи ЛЕО сателити за поврзување.

Тоа го прават и „Хјузнет“ и „Уанвеб“ кои ги здружија силите со цел да понудат конкуренција, а и „Имарсат“ најави своја 5Г констелација.

Уште поважно за оваа шпекулација за „Ајфон“, е „Глобалстар“, којшто доби значајна вредност на почетокот на оваа година, кога „Квалком“ објави дека претстојниот чип „Икс-65“ ќе ја поддржува технологијата на „Глобалстар“. Како новата функција ќе влијае на батеријата, допрва ќе се покаже. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни