Магазин

„Новиот“ Бермудски триаголник: Местото каде исчезнаа 700 луѓе

„Новиот“ Бермудски триаголник: Местото каде исчезнаа 700 луѓе

Ѓаволското море ( Ma-no Umi на јапонски ), попознато како Змејски триаголник, е област во Тихиот Океан околу јапонскиот брег и островот Огасавара што опфаќа добар дел од Филипинското Море. Лежи директно спроти Бермудскиот триаголник  и се смета за негов пацифички пандан. Згора на се, забележани се и активности во таа област кои тешко се објаснуваат.

Пред неколку илјади години Кинезите верувале дека во тоа море живее монументален змеј, кој ги влече бродовите на дното за да го нахрани гладот. Затоа, не е чудно што исчезнувањето на бродовите во Ѓаволското Море денес многумина му го припишуваат на ова митско суштество.

Постојат приказни за тоа како бил големиот монголски водач Кублај Кансе обидел да ја нападне Јапонија уште во 13 век, но изгубил 40 илјади луѓе во Змејскиот триаголник. Во текот на 19 век, многу морнари пријавиле ненадејно појавување на мистериозна дама на нивните едрени бродови.

Сепак, најпознатата приказна датира од 1952 година, кога во септември исчезна истражувачкиот брод Kaio Maru No. 5 со полн екипаж од 31 лице. Истражувачите ја истражувале активноста на подводниот вулкан Миоџин-шо и никогаш не се вратиле дома.

Според натписите на Чарлс Берлиц од 1989 година во книгата „Змејовиот триаголник“ , јапонската армија изгубила пет брода со околу 700 луѓе  во оваа област од 1952 до 1954 година .поради што јапонското Министерство за поморство и рибарство го прогласи за опасно во средината на минатиот век.

Што навистина се случило со исчезнатите луѓе и бродови никогаш не е целосно разјаснето, како во случајот со Бермудскиот триаголник.

Науката тврди дека не се работи за паранормална активност, туку за постоење на заробени количини опасни гасови на морското дно. Поточно, станува збор за  наоѓалишта на метан клатрат , кој на температура повисока од 18 степени Целзиусови може да предизвика зачудувачка експлозија и да потоне бродови без никакви остатоци или докази.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни