Apple ја претстави новата генерација на iPhone, која годинава доаѓа со четири модели. Најголем дел од новитетите се во очекуваниот опсег и ажурирањето на телефонот не носи драстични промени во дизајнот и хардверот.
Сепак, сите четири модели – iPhone 14, iPhone 14 Plus, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max имаат помоќен хардвер, подобрени камери и верзиите Pro и нов засек за предната камера и сензорите. Наречен е „Динамичен остров“ бидејќи областа за прикажување околу него ќе се прилагодува во реално време според содржината и ќе може да прикажува известувања, копчиња, виџети и други визуелни елементи.
Најмногу новитети се очекуваат кај моделите Pro. Тие ги имаат истите дисплеи како и другите два модели – 6,1 и 6,7 инчи, но со подобри карактеристики. Тие, исто така, поддржуваат функција Always-on за да може постојано да прикажува содржина, како и динамично освежување на сликата од 1Hz до 120Hz.
Двата обични iPhone 14 имаат подобрена верзија на претходниот A15 Bionic процесор. А моделите Pro го нудат целосно новиот чип A16 Bionic, кој е произведен со технологија 4nm и има 6 јадра.
Промоделите нудат и нова главна камера со 48 MP и подобрен сензор. Останатите две камери остануваат на 12 MP, но и со подобрувања на хардверско ниво. Се воведува и поддршка за форматот ProRAW за фотографии и ProVideo за видеа. Сите четири модели на iPhone 14 имаат и подобрени ноќни режими на фотографирање, нова предна камера со автофокус и функција TrueDepth.
Големата вест за целата серија iPhone 14 е функцијата за сателитска комуникација. Слично е на сателитската врска претставена еден ден порано и на Huawei Mate 50.Функцијата е наменета за итни случаи. Специјалниот софтвер му овозможува на iPhone 14 да се поврзе со сателит, кажувајќи му на корисникот каде да го насочи телефонот, бидејќи мора да биде на отворено со ведро небо горе. Софтверот исто така помага да се испраќаат кратки пораки што е проблемот. Во зависност од локацијата и ситуацијата, податоците ќе се пренесат до центар за итни случаи или центар за повици што ќе се јави во име на вознемиреното лице. Услугата засега ќе биде достапна само во САД и Канада, а ќе биде бесплатна две години.
Моделите на iPhone 14 ќе нудат и функција за откривање сообраќајни несреќи. Соодветно, тие ќе активираат опција за повикување на итните броеви за помош.
Истата функција ќе ја нудат и новите Apple Watch Series 8 и Apple Watch Ultra. Вториот модел има зајакнато тело и хардвер, а е специјално наменет за спортисти и патници.