Балкан

Новиот пакет санкции на ЕУ кон Русија би можел да биде усвоен во рок од 24 часа

Новиот пакет европски санкции кон Русија може да биде усвоен во рок од 24 часа. Што се очекува да биде во него и дали земјите-членки и институциите се обединети по ова прашање?

Неофицијалните информации се дека пакетот најверојатно ќе опфати нови и построги санкции за луѓето блиски до владата и за банките.

Има и барања за скорешно исклучување на рускиот јаглен. Сепак, има противници на суспензијата на руската нафта, а за стопирање на рускиот гас во моментов воопшто не се зборува.

Европскиот парламент се залага за далеку поостар тон кон Москва, стана јасно синоќа на отворањето на пленарната седница. Во моментов постои огромен ризик за украинските бегалци, главно деца и жени, од мрежите за трговија со луѓе во Европа, децидни утрово европратениците.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни