НОВИТЕ МЕРКИ НЕМААТ НИКАКВА СМИСЛА Д-р Даниловски вели дека е неприфатливо слепо пресликување на мерките од другите земји

Комисијата за заразни болести конечно се реши да ја разгледа епидемиолошката состојба во државата, меѓутоа, предложените мерки нема да имаат никаков противепидемиски ефект. Ваков е ставот на епидемиологот д-р Драган Даниловски, кој во изјава за Плусинфо вели дека препораката сите вработени во јавниот сектор да приложуваат потврда за најмалку една примена вакцина нема никаква епидемиолошка смисла.

– Веќе на сите им е одамна јасно: една доза е исто како и ниедна во однос на заштитата од заразување со коронавирусот. Очигледно е дека мотивот зад оваа препорака е да се поттикне вакцинацијата, но ваквата мерка нема никаков противепидемиски ефект. Имајќи предвид дека и вакцинираните со две дози не се заштитени во голема мера од заразување, а кај нас се покажа дека таа заштита е околу 20 проценти, дури и ако би се барала потврда за примени две дози, повторно би се постигнал незначителен противепидемиски ефект. Вакцинираните со две дози би се стекнале со чувство на лажна сигурност и би се впуштиле безгрижно во дружби. Притоа, ако би се заразиле, тие би претставувале подвижни извори на зараза, оти постои можност да бидат без или со сосема благи симптоми и тоа не би го намалило интензитетот на нивното дружење. За разлика од вакцинираните со две дози, невакцинираните и непрележаните, ако би се заразиле, би имале потешки симптоми и сигурно би си останале дома. И не би претставувале значајни извори на зараза. Настрана фактот што има лица кај кои воопшто не се развиваат антитела, особено оние кои примиле кинески вакцини – објаснува д-р Даниловски.

Тој вели дека и мерката за прележаните да приложат потврда за прележан ковид-19 не постара од 45 дена е епидемиолошки неоправдана и бесмислена.

– Секаде во светот се бара потврда за прележаност во период од 6-12 месеци, имајќи предвид дека заштитата после прележување, ако се развијат антитела, емпириски е покажано трае толку долго. Значи, многу подолго отколку по вакцинација. За мене е нејасно експертите од Комисијата како дошле до сознание дека имунитетот после прележување штити само 45 дена. Досега јас немам најдено поткрепа за тоа во ниедна научна студија. Далеку поцелисходно би било од епидемиолошки аспект, во функција на редукција на епидемиолошките ризици да се бара потврда за поседување на имунитет и од вакцинираните и од прележаните Зашто, поинаку, прележаните сосема неоправдано би биле дискриминирани – вели д-р Даниловски.

Од друга страна, епидемиолот смета дека е оправдана мерката за приложување негативен ПЦР тест за сите оние кои не се вакцинирани и кои не ја прележале болеста.

– Не е ли тоа повреда на личните права секој да си одлучува сам за себе? Не е, зашто, иако вакцинацијата е доброволна, сепак, оној кој нема антитела, а инсистира да не се вакцинира, ако би се заразил и разболел, би завршил веројатно во болница, а можеби и уште полошо. Тоа би значело оптоварување на болничките капацитети. Не се работи за тоа дека невакцинираните повеќе го шират вирусот. Не, зашто, видовме, вакцинираните може да го шират можеби и повеќе. Според член 39 од Уставот, „на секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“. Како да си го остварат граѓаните уставното право на здравствена заштита, ако здравствениот систем се преоптовари? Мерката „вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници“ е само парцијално прифатлива. Зошто? Затоа што голем дел од здравствените работници веќе имаат прележано ковид-19. Неприфатливо е тие кои имаат високо ниво на антитела заради прележување да мораат и да се вакцинираат. За нив доволна треба да биде само потврда дека имаат антитела. Оние што немаат антитела, задолжително да мораат да се вакцинираат. Не може да се дозволи да имаме здравствени работници без имунитетна заштита. Инсистирањето на право на избор кај здравствените работници е депласирано и неприфатливо. Може ли војник во војна да одбие да носи пушка? – објаснува д-р Даниловски.

Тој вели дека неприфатливо е слепо пресликување на мерките од други земји.

– Комисијата за заразни болести не ги спомнала мерките за носење маска, држење растојание во затворени простории и миење раце. Тоа може погрешно да се протолкува дека тие мерки веќе не се потребни. Напротив! Исто така, неприфатливо е слепо пресликување на мерките од други земји. Зошто непотребно да се предизвикуваат тензии и поделби во амбиент кога веќе на сите им е дозлогрдено? Уште, згора, со мерки кои немаат логика – вели епидемиологот.

Поврзани вести

Италија воведува супер зелен сертификат

Таканаречениот суперзелен сертификат во Италија од денеска стапува на сила. Ќе важи до 15 јануари следната година. Само оние кои се вакцинирани и излечени од СОВИД-19 добиваат суперзелен сертификат.

Нови 276 случаи на коронавирус, починати 5 лица, дополнително регистрирани уште 5 починати

Денес се регистрирани 276 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 217.301 Оздравени се 249 пациенти – пријавени се...

МЗ: 69% од позитивните со Ковид 19 и 79% од починатите се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 2 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со...

На почетокот од 2022 година во Бугарија пристигнуваат вакцини за деца против коронавирусот

Вакцината против коронавирусот за деца најверојатно ќе пристигне во Бугарија на почетокот на следната година, најави министерот за здравство Стојчо Кацаров. „Вакцината е иста, но доаѓа во различен тип...

Најважното

ССМ во недела на протест пред Собранието и Стопанската комора

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во недела ќе излезе на протест пред Собранието и пред...

101 нов случај на ковид-19 – пријавени се 13 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.299...

За 3,5 денари се намалува цената на нафтените деривати

За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бектеши најави можно проширување на листата на производи со замрзнати цени

Листата на производи чии цени се  замрзнати е објавена, а утре на владина седница ќе ги разгледаме податоците од Заводот за статистика...

Експерт: Заштитните огради на автопатот Струма во реонот на несреќата се инженерски дефект

„Автобусот кој излета на автопатот Струма се заглави меѓу двете заштитни огради, кои не ја изгаснаа кинетичката енергија. Ова е инженер за целосен...