Здравје

Новите вакцини спасуваат животи на милиони луѓе и се развиваат против малигниот рак

Новите вакцини спасуваат животи на милиони луѓе и се развиваат против малигниот рак

Животите на милиони луѓе би можеле да бидат спасени со комплет нови вакцини за голем број болести, вклучително и рак, изјавија експерти од британската фармацевтска компанија Модерна.

Водечката компанија од Кембриџ изрази уверување дека првите дози против рак, кардиоваскуларни и автоимуни болести ќе бидат готови до 2030 година.

Резултатите од истражувањето на вакцините се многу охрабрувачки, оценуваат експертите, кои исто така велат дека брзиот и голем напредок е постигнат благодарение на успехот на веќе создадената вакцина против Ковид.

Д-р Пол Бартон, директор на Модерна, изјави за Гардијан дека е уверен дека компанијата ќе може да понуди третмани за сите видови проблематични болести во рок од пет години.

Компанијата која создаде една од успешните вакцини против Ковид, развива вакцини против различни видови малигни тумори.

Д-р Бартон, исто така, рече дека со само една инјекција луѓето можат да бидат заштитени од повеќе респираторни инфекции.

Некои научници предупредија дека големиот напредок постигнат на полето на вакцините во последно време лесно може да се потроши доколку не се одржи високо ниво на инвестиции во индустријата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни