Индија денеска лансираше ракета за проучување на Сонцето, објави тамошната вселенска агенција, по историскиот успех со слетувањето на јужниот пол на Месечината со роверот Чандрајаан-3.
Во директен пренос на веб-страницата на Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO), која ја гледаа речиси 500.000 гледачи и со илјадници собрани во галерија за гледање во близина на местото на лансирање, ракетата полета оставајќи трага од чад и пламен додека научниците аплаудираа, известува Ројтерс.
Во август, Индија стана првата земја што слета вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината. Лансирањето на Aditya-L1, првата индиска вселенска опсерваторија која го проучува Сонцето, се случи денеска во 11:50 часот по локално време.
Адитја, што значи „сонце“ на хинди, треба да пристигне во регион на вселената на оддалеченост од околу 1,5 милиони километри од Земјата, што на уредот ќе му овозможи континуиран, јасен поглед на Сонцето.
„Долгорочно, податоците од мисијата би можеле да помогнат подобро да се разбере влијанието на Сонцето врз климатските модели на Земјата и потеклото на сончевиот ветер, протокот на честички што тече од Сонцето низ Сончевиот систем“, велат научниците. од Индиската организација за вселенски истражувања (ISRO).
