САД и Германија се расправаат за тоа кој и како да испорача тенкови на Украина. Новиот министер за одбрана на Германија денеска ја презеде функцијата. Уште на првиот ден тој се сретна со својот американски колега кој дојде во Берлин. Главна тема беа тенковите за кои Украина се поактивно инсистира.
Германците сакаат САД да го направат првиот чекор во снабдувањето со тенкови. Канцеларот Шолц имаше прес-конференција на почетокот на оваа недела и сите чекаа тој да ја соопшти одлуката. Дали Германија дозволува други земји кои имаат германски тенкови да ги испорачаат во Украина. Но, без да го каже тоа директно, Шолц навести дека Германија ќе испрати тенкови доколку Вашингтон го стори истото. И Украина го чека оружјето за кое вели дека многу и е потребно.
„Не двоумете се. Нема потреба од споредби. „Ќе дадам тенкови ако и некој друг сака. Јас сум силен во Европа, но ќе помогнам ако помогне и некој надвор од Европа. Ова е погрешна стратегија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Многу земји вршат притисок врз Германците затоа што најлесно и најлогично е да се испорачаат тенковите Леопард 2. Тие се модерни машини и ги има речиси 2 илјади во различни земји во Европа. Нивното испорачување би било многу полесна операција отколку Американците да ги возат своите Абрамс преку океанот. На заедничката прес-конференција двајцата воени министри разменија комплименти, но не соопштија конкретна одлука.
„Германија и САД стојат рамо до рамо во нивните акции. Без разлика дали се работи за тенкови, противвоздушни системи или ракетна артилерија“, нагласи Борис Писториус, германски министер за одбрана.
Русија денеска повторно соопшти дека снабдувањето со нови системи за оружје за Украина ја поттикнува војната.
„Ова е потенцијално многу опасно. Тоа ќе значи дека конфликтот може да оди на ново ниво. Ова, се разбира, не е добро за европската безбедност“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Министерот за надворешни работи Лавров даде слични изјави во долгата изјава во Белорусија. Сепак, сојузниците денеска објавија нови пакети за воена помош во вредност од милијарди евра. Тие главно ќе бидат испратени од Канада, Холандија и Шведска, а Швеѓаните обезбедуваат борбени возила за пешадијата.