Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска беше домаќин на традиционалниот Новогодишен прием за дипломатскиот кор во Република Македонија.
Министерот Димитров во своето обраќање целосно се посветени на надворешно-политичките настани и на преговорите со Грција кои резултираа со потпишување на Спогодбата во Преспа.
„Благодарни сме за позитивните реакции на меѓународната заедница за процесот на преговори, како и за самиот исход. Голем број светски лидери и дипломати изразија пофалба до сите страни во процесот. Бевме посветени, од ова зависат нашите стратешки цели: полноправно членство во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ во 2019 година. Со нетрпение ја очекуваме оваа година во која ќе славиме конкретни резултати во насока на исполнување на нашите стратешки цели, истакна Димитров.


