Новогодишната честитка на австралиските пожарникари е хит на социјалните мрежи

Австралиските пожарникари воодушевија многумина со нивната новогодишна честитка.

Тие објавија видео на социјалните мрежи во кое се снимаа себеси во пожарникарски панталони и црвени трегери. Зад нив се гледа пожар, кој го „изгаснаа“ со шампањ, а на крајот од видеото се полеаа со него. Во еден момент, тие држат балони со броевите 2026 во рацете.

„Од противпожарни црева до тушеви со шампањ… добредојде, Нова Година“, напишаа тие во описот на видеото.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи и стана хит.

„Никогаш не ја имав Австралија на мојата листа на места што сакав да ги посетам затоа што таму ги имаат најстрашните пајаци, но еј – се обложувам дека пожар би го решил тоа!“, „Добро е што има многу пожарникари наоколу, затоа што штотуку се запалив“, „Воау, овие момци се вратија. Среќни сме“, се пошегуваа следбениците во коментарите. Многумина им посакаа на пожарникарите среќна 2026 година и им се заблагодарија за нивната посветена работа.

Австралиските пожарникари се познати и по календарот што го издаваат секоја година, во кој позираат со животни. Сите приходи од продажбата на овие календари одат во разни австралиски добротворни организации.

Тие го издаваат календарот од 1993 година, а во последниве години дел од донациите ги насочија и кон организации во САД, како знак на благодарност за помошта и поддршката за време на катастрофалната сезона на пожари 2019/2020 година.