2020 година. Или 2:2 спортски резултат. Но нумерологијата тао го гледа од друг агол. Па така, Македонија се наоѓа според нумеролозите се наоѓа во бројот 4, а тоа според нив значи дека ќе биде конзервативна година.
„Ако го опишеме малку повеќе, ќе видиме дека е година која што ќе биде пред се многу чувствителна. Бидејќи бројот два, кореспондира со месечината. Бројот два е период кој што припаѓа на женскиот пол, значи не е за изненадување ако во 2020 година да биде прво родено женско дете. Тоа значи дека жените, не само во политиката, општо ќе имаат малку повеќе глас“, изјави Мими Главиновска, Нумеролог.
Астрологот Симеон Атанасовски вели дека месец јануари не е добар за партијата СДСМ.
„Премиерот на пример и СДСМ имаат стартна позиција годинава во 2020 јануари месец не им е баш најдобар и може да се каже дека тој таму период во јануари до 29-ти јануари е таа недела која не е добра. Пред се на премиерот во транзиција и тука треба да се внимава“, вели Симеон Атанасовски, Астролог.
Познатиот астролог вели дека и за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски првите месеци од новата година нема да бидат поволни. Тој вели дека за Мицкоски поволни се месеците по јуни.
„Генерална оценка, подобро во некои месеци се позиционира како лидер на партијата. Пролетните месеци за него стандардно, бидејќи јас сум кажал и претходно дека не се најповолни. Тоа зависи од деновите. Генерално со просечна енергија која на моменти може да биде подобра, но за него би требало подобар период да биде после јуни месец“, додаде Атанасовски.
За лидерот на ДУИ, Али Ахмети е стабилен. За него тој вели дека изборниот ден може да биде добар.
„Кај него може да се каже дека има еден транзициски од. Тоа значи дека генерално стабилен. Доколку изборите се одржат во тој март/април период би требало кај него да има генерално добар рејтинг“, посочи Атанасовски.
Дали предвидувањата на астролозите и нумеролозите се навистина точни ќе треба да почекаме, барем уште неколку часа до новата 2020 година.