Словачкиот премиер Едуард Хегер беше главната цел на вооружениот напаѓач Јурај К., кој на 12 октомври уби двајца млади мажи и рани една жена во геј бар во Братислава, пред да биде пронајден мртов следниот ден. Ова синоќа го соопшти претседателот на националната полиција Стефан Хамран.
„Можеме да потврдиме дека пред нападот во кафеаната Тепларен, лицето било на место каде постојано престојува господинот премиер. Ова го имаме документирано“, рече високиот полициски службеник.
Според него, бидејќи стрелецот не успеал да го нападне премиерот, кој не бил дома, целел на друга цел – кафеаната „Тепларен“.
Во врска со познатиот екстремист „Словакбро“, кој во својот манифест на Интернет го споменува 19-годишниот Јурај К., досега не е утврдена никаква врска меѓу двајцата, додаде началникот на полицијата