ОБЈАВЕН КРАЈ: Легендатниот боксер се збогува со спортската кариера

Легендарниот боксер, 42-годишниот Филипинец Мани Пакјао официјално објави заминување во спортска пензија.

Тој ќе остане запаметен како еден од најдобрите светски боксери на сите времиња.

Збогувањето со рингот тој го објави преку 14 минутно видео на својот Фејсбук профил, каде пак ја најави својата „најголема борба во политичката кариера“, откако официјално беше номиниран за претседател на Филипини.

„Штотуку го слушнав гонгот. Готово е со боксот. Никогаш не помислував дека ќе дојде овој ден и дека ракавиците ќе ги закачам на ѕидот“, вели Пакјао.

Тој беше сенатор од 2010 година, додека пак претходно овој месец беше номиниран од страна на владејачката ПДП-Лабан на својата национална конвенција, истакнувајќи го како свој кандидат за изборите закажани за идната година.

Инаку, Пакјао е првиот боксер во историјата, кој стана светски првак во осум различни тежински категории, а последната титула светски првак ја освои во 2019 година во велтер категорија на возраст од 40 години.

Во својата кариера има остварено ефект од 62 победи, седум порази и две нерешени борби, а во август годинава веројатно за последен пат влезе во рингот кога загуби со едногласна одлука на судиите од Кубанецот Јордемис Угус.