Иако никогаш не им го гледаме лицето на телевизија, нивните снимки говорат за исклучително важната работа што ја вршат снимателите. Здружението на новинари, заедно со снимателите од разни телевизии објавија прирачник, во кој се опишани сите предизвици со кои се соочуваат при спроведување на нивната професија, како и начините на кои треба да работи еден снимател.
Еден од авторите на прирачникот е адвокатката Маријана Марушиќ-Кос, која вели дека јавниот интерес е пред сѐ.
Разните стории кои ги подготвуваат новинарите, а се емитуваат на телевизиските екрани, се благодарение и на снимателите кои ги снимаат неопходните кадри. Тие честопати се мета на вербални и физички напади во разни напнати ситуации на терен.
