Утре претпладне по котлините ќе има појава на магла и значителна ниска облачност и во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој во следната ноќ кон петок ќе почне да засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност, а преку денот умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе ги спушти дневните температури за неколку степени, а условите за појава на утринска магла ќе се намалат. Во недела се очекува намалена облачност и претежно сончево време.