Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл пристигнаа во Њујорк, каде го посетија и Светскиот трговски центар.
Стилски Меган беше облечена целата во црно, со црни пантолони, црна маица и црно палто. Во случен стил беше облечен и Хари, кој носеше црно одело.
Со ова, тие сакаа да им оддадат почит на жртвите од големиот терористичкиот напад од пред 20 години, кој се случи на 11 септември 2001 година.
Тие, меѓу другото, се сретнаа и со градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.
Двојката цело време беше придружувана од силно обезбедување.
