Објектот на Министерството за култура често беше мета на Шарената револуција во текот на протестите од пред три години.
Слични бои повторно се појавија на објектот на Министерството за култура во Скопје, и тие не се од претходно, туку се свежи.
-Ѕидовите на Министерството за култура се испрскани со боја, која ја истуриле непознати лица. Од оваа институција велат дека настанот се случил в саботата и истиот веднаш го пријавиле во полиција. Не дадоа многу детали околу случајот, само информираа дека МВР го истражува настанот.
Од Министерството за култура не сакаат да зборуваат за овој настан.
Објаснување не даваат ниту за безбедносните камери, дали тие работеле или не и дали вандалите се снимени кога истураа боја, саботата навечер.
Фатон Фазлиу од Министерството за култура, вели дека ова не е првпат да се уништуваат ѕидовите на оваа зграда.
-Имаме информации дека и порано имало вакви случаи, но откако дојдовме ние на оваа функција, првпат се случува вакво нешто. Пред 2-3 години се има случено сличен настан“, рече Фатон Фазлиу од Министерството за култура.
„Жртва“ на ваков вандализам беше и општинската зграда на општина Аеродром. Овде сторителите биле помалку креативни, со оглед на тоа дека користеле само црна боја. Од општина Аеродром не дадоа изјава за ТВ21 дали нивните камери го регистрирале настанот, и дали станува збор за истите лица од Министерството за култура, само рекоа дека истрагата на МВР е во тек.
Од МВР побаравме подетални информации, но од таму само кусо одговорија дека двата случаи се пријавени и дека истрагата е во тек.
Во текот на 2016 беа уапсени 13 студенти кои беа поддржувачи на Шарената револуција, за оштетување на јавниот имот. Тие беа осудени и казнети за делата.
Репортерка: Алмедина Исмајли
