Државниот обвинител Љубомир Јовески денеска откри дека обвинителството отвори нов случај поврзан со Меѓународниот сојуз на Боки 13. Пет лица се осомничени, а се води постапка и против едно правно лице за овој новоотворен случај.
Според обвинителот, се гонат за кривични дела перење пари, измама и помагање.
Еден од осомничените е во притвор, за едно лице веќе се барало притвор, додека за три лица се бараат мерки на претпазливост.
