Обвинувања и сомнежи меѓу Беџети и Зекири – едниот отвора сомнежи за криумчарење, другиот за наркотици

Низа обвинувања за потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, беа изнесени вчера во емисијата Клик Плус, од страна на градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, кој е и член на ДУИ.

Сомнителни автомобили во Дебар, криумчарење мигранти со автомобилот на Зекири од Гевгелија до Табановце и акцијата за тутунот во Љуботен, се некои од покренатите прашања на Беџети за потпретседателот на СДСМ.

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, иако пред една недела рече дека не избегнува дебати и дека е спремен да се соочи со Блерим Беџети, но сепак вчера не дојде на дебата. Денес не сакаше да зборува пред камера. Ни рече дека како одговор да ја земаме неговата објава од Фејсбук.

Зекири рече дека е подготвен, без да се повикува на пратеничкиот имунитет, да даде оставка од политичката кариера доколку се потврдат тврдењата на Беџети.

Неговото неприсуство на дебата, Зекири го образложи дека не сака да легитимира ниски удари и дека неговото достоинство не му дозволува да се симне на ниво на Беџети на дебата, и притоа  Зекири го предизвикува да направат нарко тест.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното