ОЧЕКУВАНО – ЌЕ НАСЛЕДИ МИЛИОНИ: Дознајте се за убавата ќерка на Бил Гејтс, која не ја гледаме во јавноста!

Најмладата ќерка на основачот на Мајкрософт не е толку често во центарот на вниманието на јавноста, за разлика од најстарата ќерка на Гејтс, која неодамна се омажи на раскошна церемонија за која сите зборуваа. Фиби Гејтс има 19 години, живее во еко-вилата на нејзиниот татко, сака да чита и има амбиции да стане балерина.

Бил и Мелинда Гејтс моментално се двајцата најбогати луѓе во светот. Тие неодамна се разведоа, а Мелинда во едно интервју изјавила дека нивното најголемо животно достигнување е тоа што успеале да воспитаат деца кои знаат да ги негуваат вистинските вредности. Филантропската двојка има три деца – најстарата Џенифер, средниот син Рори и најмладата Фиби.

Еве се што треба да знаете за Фиби, најмладата ќерка на Бил Гејтс.

Незаборавно детство и блиска врска со татко и

Родена на 14 септември 2002 година во Белви, предградие на Сиетл, Вашингтон, 19-годишната девојка моментално живее во еко-вилата на нејзините родители вредна неверојатни 124 милиони долари.

Децата на семејството Гејтс пораснале во куќа која има соба со брануваа, вештачка плажа со природен карипски песок, вештачки поток со вистинска риба и приватен затворен базен. Но, живеењето во вила исполнета со сите овие удобности не мора да значи дека овие деца биле разгалени.

Моќниот пар тврди дека ги воспитувале своите наследници на изненадувачки скромни начини, внимавајќи нивните деца да ги делат домашните работи – миењето садови речиси секоја вечер било семејна традиција на Гејтс.

Иако Фиби била воспитана пред се од нејзината мајка, Бил секако имал влијателна улога во нејзиниот живот. Една од многуте заеднички работи што ги имаат е љубовта кон читањето.

Во трогателната објава на Инстаграм 2018 со симпатична фотографија од нив двајца, Бил напиша: „Мојата ќерка Фиби и јас сакаме да читаме секакви книги и ние сме големи обожаватели на Џон Грин. И двајцата не можевме да се одвоиме од неговиот нов роман за млада жена која го наоѓа исчезнатиот милијардер“, напиша основачот на Мајкрософт.

Идна балерина и авантурист

Фиби учеше во приватното средно училиште Лејксајд во Сиетл, а потоа се запиша во Професионалното детско училиште во Њујорк, кое е наменето за идните актери и танчери. Студирала и на Школата за американски балет во познатиот центар за изведувачки уметности Линколн и престижната школа Џулијард.

Кога не е зафатена со училишните обврски, на својот Инстаграм профил споделува фотографии од возбудливи патувања. Таа патува со нејзината најдобра пријателка, момчето и сестрата Џенифер, со кои е исклучително блиска. Сестрите Гејтс посетија голем број егзотични дестинации, вклучувајќи ги Мексико, Кенија и Перу.

Фиби неодамна на својот Инстаграм профил сподели фотографија со гепард, под која ја поврза организацијата за заштита на животните.

Очекувано – ќе наследи милиони

Интересно е тоа што Фиби Гејтс одигра клучна улога во разводот на нејзините родители – поточно, во одложувањето. Иако нејзината мајка со години сакаше развод, парот не се раздели додека не пораснаа сите нивни деца.

Бил првично одвои блага сума од 10 милиони долари како наследство за секое од неговите три деца од неговото огромно богатство од 130 милијарди долари.

Во едно интервју тој изјави: „Не е услуга за децата да имаат огромни суми на богатство. Тоа го искривува сè што би можеле да направат при креирањето на сопствен пат“.

Сепак, сето тоа би можел да го промени разводот на најбогатиот пар на светот, а Мелинда сака да го зголеми наследството на децата, пренесуваат медиумите.