Македонија

Од 1-ви ноември летови меѓу Скопје, Женева и Базел – „Easy Jet“ влегува на македонскиот пазар

Нискобуџетната авиокомпанија „Easy Jet” влегува на македонскиот пазар, потврди министерот за економија Крешник Бектеши. Компанијата ќе влезе на македонскиот пазар претстојната зимска сезона со летови помеѓу Женева и Скопје.

Од 1 ноември ќе започне со летови помеѓу Скопје и Женева четири пати неделно (понеделник, среда, четврток и петок), како и од Базел исто така четири пати неделно (понеделник, среда, петок и недела).

Според министерот Бектеши ова е дополнителна можност за привлекување на туристи од Швајцарија во Северна Македонија, но и полесни конекции и можности за нашата дијаспора.

Извршниот директор на турски ТАВ, кој управува со двата аеродрома во Македонија, Сани Сенер, неодамна изјави дека и покрај тоа што „Виз ер“ оперира од државата, сепак има простор за повеќе нискобуџетни играчи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни