Европската унија донесе одлука од следната година, во сите нови автомобили да мора да има црна кутија.
Имено, таа обврска ќе биде на сила од 2024 година и ќе се однесува за новите возила кои ќе бидат регистрирани за првпат.
Инаку, црната кутија е уред што ќе треба да открие до најмал детаљ што се се случило во секундите пред сообраќајната несреќа.
Таа бележи дури 41 податок што помага при експертиза за причините за несреќата.
Црната кутија во автомобилската индустрија не е нова, некои нови возила веќе ја имаат. Обично се наоѓа помеѓу возачкото и совозачкото седиште во модулот за воздушни перничиња.
