Од бурите со прав испарува водата на Марс

Водата од атмосферата на Марс исчезнува во вселената пет до 10 пати побрзо отколку вообичаено, покажуваат податоците од сондата „Егзомарс-ТГО“.

Научниците, во трудот објавен во научното списание „Нејчр астрономи“, тврдат тоа е поради бурите од прашина кои се случуваат речиси секоја година, така што играат голема улога во исчезнувањето на водата од „Црвената Планета“.

Научниците веруваат дека во минатото на површината на Марс имало реки, езера и океани, а вкупната количина на вода на „древниот“ Марс би била доволна за да ја покрие неговата површина со слој дебел 140 метри.

Но, како испарила водата од Марс?, ова прашање се обидуваат да го решат две орбитални сонди – американското летало „МАВЕН“ и руско-европското „Егзомарс-ТГО“.

Овие два уреда мерат колку вода може да има во разредената атмосфера на Марс и ги следат флуктуациите во нејзината концентрација поврзани со менувањето на годишните времиња, бурите од прав и други атмосферски појави.

Анализирајќи ги податоците од „Егзомарс-ТГО“, „Мавен“ и сателитот „Марс експрес“, се открива дека при исчезнувањето на водата од површината и од атмосферата на Марс, околните бури со прашина играат неочекувано важна улога.

Овие сознанија се добиени за време на моќната бура со прашина што се случила во месеците јануари-февруари во 2019 година.

Големата количина прав над Марс ја зголемила температурата на површината за 20-тина степени, па затоа ова драматично го променило „однесувањето“ на водата во атмосферата на Марс.

Претходно, сензорите на руската сонда не откриваа значителни количини вода на височина од 60 километри или повеќе, но по почетокот на бурата, нејзината количина „во воздухот“ почнала нагло да се зголемува.

Како резултат на тоа, во текот на 40 дена, стапката на испарување на водата од атмосферата на планетата се зголемила за 5-10 пати.