Од денеска граѓаните можат директно да летаат од Аеродром Св. Апостол Павле до Братислава, а веќе од 29 март ќе биде во функција и линија до Милано.
Овие нови авиолинии значат зголемено присуство на туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, соопшти на својот Фејсбук профил Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт.
„Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации. Остануваме силно посветени на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри“, истакна Николоски.
Новите линии се дел од стратегијата за континуирано развивање на авиосообраќајот, кој се смета за клучен фактор за економскиот развој и зголемување на туристичката понуда во земјата.
