Јавното сообраќајно претпријатие информира дека денеска од 12 часот стапија во сила мерките против загадувањето, со што јавниот превоз е бесплатен.
„Ве информираме дека од денеска (20.01.2019.год) од 12 часот користењето на јавниот превоз е бесплатно.
Одлуката за бесплатен превоз со автобусите на ЈСП и приватните превозници е дел од итните мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот.
Одлуката ќе важи се до моментот на намалување на загадувањето, за што дополнително ќе бидете известени“, велат од ЈСП.
