Македонија

Од денеска стартува новата авиолинија од Скопје до Прага

Од денеска стартува новата авиолинија од Скопје до Прага
WizzAir на скопски аеродром / 4NEWS.mk

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ од денеска стартува новата авиолинија од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“.

Новитетот е дел од пакетот проширувања што го најави претходно Владата.

Првиот лет од Скопје до Прага денеска официјално ќе биде промовиран, а ќе се реализира трипати во неделата, односно во понеделник, среда и петок.

Оваа авиолинија уште во јули годинава ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, објавувајќи дека е потпишан Договор за пет нови дестинации што ќе оперираат од скопскиот аеродром, односно дека од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн.

Со тоа, според него, новите авиолетови ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис и повеќе можности за сите граќани во државата.

На денешниот настан, покрај генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, ќе присуствуваат и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, раководителот за комуникации во „Визер“, Андраш Радо и министерката за енергетика, рударство и минерални сурвини, Сања Божиновска.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни