Од дупка во дупка, ул. “Бутелска“ во заборав – жителите револтирани, општината ветува решение следната година

Главната улица во општина Бутел, Скопје, и натаму уништена и со дупки. Граѓаните револтирани и изненадени како може толку фреквентна улица да се остави во ваква состојба.

На оваа улица секој ден поминува и градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски бидејќи самата зграда на општината се наоѓа на крајот од оваа улица. Тој за ТВ21 рече дека од февруари или  март следната година улицата ќе биде целосно реконструирана.

Оваа улица беше уништена при поставувањето на канализационата мрежа. Потоа само еден дел од улицата формално беше асфалтирана колку да се покрие земјата.

Извор: ТВ21