Од гените не се бега: Тие се со години прогласувани за најубави жени, а вака изгледаат нивните деца

Со години се прогласувани за најубави жени во светот. Каде и да се појават, и денес мамат воздишки, а еве како изгледаат нивните деца.

Џулија Робертс се омажи за кантри пејачот Лил Ловет во 1993 година, но тие се разведоа по помалку од 2 години брак. Таа повторно воспостави семејство во 2002 година, со кинематограферот Даниел Модера, со кого има три деца.

Моника Белучи се омажи двапати, првиот пат со италијанскиот фотограф Клаудио Карлос Басо, а вториот пат со актерот Винсент Касел. Во бракот со Винсент има 2 ќерки. Нивната постара ќерка е вистинска убавица, исто како и нејзината мајка, па затоа не е изненадувачки што Дева веќе потпиша договори со големи модни куќи.

Анџелина Џоли од бракот со Бред Пит има две биолошки деца, близнаци кои неверојатно личат на неа.

Од 2001 година, Брук Шилдс е во брак со Крис Хенчи, американски сценарист и режисер. Двојката има 2 ќерки.

Ајшварија Рај беше Мис на светот во 1994 година, а денес е мајка на една ќерка.

Ќерките на Андријана Лима имаа среќа да ги наследат нејзините гени. Сличноста со неа е огромна и нема сомнение дека ќе прераснат во вистински убавици.

Ќерката на Летиција Касте веќе тргна по стапките на нејзиниот модел. Веруваме дека таа ќе биде подеднакво успешна како и мама.