Од месец јули започнува издавањето на нови пасоши на кои ќе се наоѓа и новото уставно име на државата – Северна Македонија.
На новите патни исправи ќе се применува и Законот за јазици, а тоа значи дека ќе бидат и на седум јазици.
Изминатиов период бавно оди издавањето на патни исправи, а по редовна постапка за пасош се чека повеќе од два месеци.
Од МВР велат дека нема прекин во издавањето, туку станува збор само за зголемен број на барања за издавање.
Денеска пак омбдусманот најави дека ќе проверува за што станува збор, бидејќи неиздавањето на лични документи ги прекршува правата на човекот.