Од национална икона до политички затвореник – она е чудо од дете и жртва на комунистичкиот режим

На 18 јули 1976 година популарната Надја Команечи станала првата гимнастичарка во историјата на Олимписките игри што добила максимална просечна оценка 10!

Настапот на оваа славна Романка на ОИ во Монтреал ја одбележала историјата на гимнастиката и светскиот спорт.

Прва совршена десетка на Олимписките игри, најмлада шампионка во историјата на гимнастика, петкратен освојувач на златен медал на ОИ, повеќекратен шампион на Европа и светот е неповторливата Надја.

Ќе остане запаметена по фантастичните спортски успеси, но и по неверојатната животна приказна.

Нереален талент, ѕвездена кариера, осум години пекол во заробеништво, година на заборав во Америка и конечно нормален живот за кој отсекогаш сонувала.

Накратко, тоа е животната приказна на Надја.

Надја пораснала во малиот романски град Онешт. Била полна со енергија која требало да ја насочи кон некој спорт. Нејзината мајка одлучила да ја запише на гимнастика, и таа веднаш се заљубила во овој спорт. Во една прилика легендарниот тренер Бела Кароли ги посетил локалните училишта барајќи талентирани гимнастичарски и тогаш ја запознал Надја.

Во тоа време имала само 6 години, а веќе совршено изведувала одредени гимнастички потези. Тогаш било како ден јасно дека се работи за голем талент. Кароли ги прашал нејзините родители дали може да работи со Надја и тие прифатиле.

Таа била многу упорна и вредна. Со часови поминувала во дворецот вежбајќи. Тренирала по 8 часа секој ден, а наскоро станала и една од најдобрите во својата земја.

Чудо од дете:

Имала само 14 години кога со романскиот олимписки тим тргнала кон ОИ во Монтреал во 1976 година.

Девојката висока само 149 цм и со 38 килограми ја напишала историјата на гимнастиката. Надја добила највисока можна оценка за вежба на разбој на две височини. Тоа била првата совршена десетка на Олимписките игри.

Бидејќи на тогашните „семафори“ не било во можност да стои оценка 10.00, по настапот секаде стоело 1.00.

Кога Надја ги видела оценките, многу била разочарана и не можела да верува дека е најлошата досега, според неа добро биле изведени задачите.

Изненадувањето пристигнало откако и објасниле за што всушност станува збор, а потоа следела и голема прослава за 14 годишната Романка која имала седум чисти десетки.

Надја преку ноќ станала национална икона, а нејзиното лице било и на поштенските марки. Благодарение на неа, Романија повеќе не била непозната земја.

Надја станала и првата гимнастичарка која успеа да триумфира на три Европски шампионати. Земала злато во 1975, 1977 и 1979 година. Таа исто така се истакнала и на Олимписките игри во Москва, и освоила злато на греда и на приземје.

Меѓутоа, само една година подоцна нејзиниот живот полека почнувал да се претвора во пекол.

Имено, за време на изложбената турнеја во Америка, тренерот на Надја, Бела и неговата сопруга побарале азил и го добиле. Надја се вратила во Романија каде и следувале осум години пекол.

Тогашниот режим ја ставил под посебен надзор со цел да ја спречи да избега од државата. И било забрането да патува, а ја следеле и службени лица, ја прислушувале… Нејзината кариера била завршена, а таа била затвореник на романскиот режим.

Во тие години, таа се одлучила да се посвети на тренерската работа.

Сексуална злоупотреба

Надја била приморана да излегува и дружи со Нику Чаушеску, син на тогашниот водач на Романија Николае Чаушески.

„Татин син“ кој многу сакал жени, па на неговата листа се нашла и младата Надја. Често биле гледани заедно, а тој и ја претставувал како девојка. Меѓутоа, Надја и ден денеска тврди дека не била во врска со него, барем не своеволно.

Покасно испливал податок дека синот на големиот водач сексуално ја злоупотребувал.

Младата Надја во тоа време била заљубена во друго момче, шест години помладиот актер и пејач Стефан Баника.

Бегство во Америка

Надја се одлучила да направи ризичен потег и во ноември 1989 година, неколку недели пред револуцијата, се одлучила да побегне од земјата.

Го запознала Константин Панаита кој и ветил дека ќе и помогне во бегството. Следејќи ги неговите инструкции го препливала ледениот Дунав и пешачела километри со цел да стигне во Унгарија. Таму ја примиле и и дозволиле да премине кон Австрија каде добила политички азил и карта за Њујорк.

Иако во Америка имала доста пријатели, таму бил и нејзиниот тренер Бела Кароли и американскиот гимнастичар Барт Корен, Надја станала повторно затвореник, односно заложник на Константин.

Панаит, кој и помогнал да избега од Романија за 5 илјади долари, ја држел во заробеништво една година. Тој тоа го искористил и заработил 200.000 долари само од интервјуата и гостувањето на Надја на телевизија.

Со помош на пријатели, таа успеала да се пресели во Монтреал, една година по напуштањето на Романија, и конечно да започне нормален живот.

Таа станала многу блиска пријателка со Американецот Барт Конер, кога го запознала на Олимпијадата во Монтреал. После година и половина пријателство, се родила љубов. Барт ја поканил Надја да се пресели кај него во Оклахома и и предложил заедно да отворат училиште за гимнастика.

Тие се венчале во 1996 година во манастирот Кашин во близина на Букурешт.

Инаку, Надја сакаla нејзиниот кум на венчавката да биде тогашниот претседател на Романија, Јон Илиеску, кој дошол на тоа место откако бил застрелан Чаушеску.

Тој се заблагодарил за овој „убав гест кон земјата и нејзините родители“, но поради неговата официјална позиција, тој не можел да биде кум.

Сепак, бил домаќин на нејзината венчавка, а на прославата биле поканети и Роберт де Ниро, Арнолд Шварценегер, Хилари Клинтон …

На 45 години таа се оствари и во улогата на мајка и го родила синот Дилан.