Се навршија точно шест месеци откако започна ерупцијата на вулканот Фаградсфјал, кој се наоѓа во близина на Рејкјавик.
Ова се смета за најдолгата ерупција во повеќе од половина век.
Првата ерупција е регистрирана на 19 март, а од тогаш постојано излегува лава од кратерот.
Овој повеќемесечен спектакл, кој варира од бавен проток на лава до подраматична ерупција, е голема туристичка атракција и досега привлече околу 300.000 посетители.
Вулканологот Торвалдур Тордарсон вели дека шест месеци е прилично долга ерупција.
Количеството на досега исфрлена лава, од 143 милиони кубни метри, не е ни блиску до рекордот.
„Ерупцијата е посебна заради релативно бавниот и стабилен проток на лавата“, објаснува геофизичарот Халдор Геирсон.
