Балкан

Од петок се отвора за сообраќај делот на магистралата „Струма“ каде што се случи несреќата

Сообраќајот во правец на Благоевград ќе биде обновен најрано до петок, на делницата каде се случи автобуската несреќа во Струма.

Минатата недела таму животот го загубија 45 лица, меѓу кои и деца. 

Дотогаш сообраќајот од патната клучка „Бошнек“ до патната клучка „Старо село“ за Благоевград ќе се одвива во двата правци во коловозната лента во правец кон Софија.

Во наредните денови и при погодни временски услови на подрачјето на сообраќајната несреќа ќе се заменат системите за рестрикција и ќе се санира тротоарот оштетен од пожарот на автобусот.

На местото на трагедијата во тек се истражни дејствија. За случајот се очекува вештачење – огноотпорно и техничко, а може да трае со месеци.

Водечката верзија е човечка грешка. Од засега непознати причини, возачот го свртил вниманието и удрил во заштитната ограда, по што настанал пожар. 

Лошата организација и сигнализација на патиштата е другата верзија на несреќата на македонскиот автобус. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни