Од полноќ исто како да сте во куќен притвор, со документ „Република Македонија“ не смеете да излезете од дома

Од полноќ стапуваат на сила новите законски решенија со кои, само личните карти со старото име на државата (Репубика Македонија) ќе може да ги користите и тоа само за домашна употреба.

Пасош, возачка дозвола, сообраќајна дозвола кои на себе го имаат името „Република Македонија“ од полноќ стануваат неважечки.

Најголем револт кај граѓаните предизвика одлуката дека и возачките дозволи за домашна употреба ќе станат неважечки. Ова се соопштува за прв пат на граѓаните и тоа еден ден пред стапување на сила.

Голем број на граѓани се јавија во нашата редакција со жалби и поплаки. Првично се жалеа дека шириме лажни вести, а потоа се јавија со извинување и да прашаат што да прават од утре без возачка дозвола.

„Јас работам како дистрибутер. Се јавив да закажам термин за возачка дозвола, но терминот ми е за 4 месеци од сега. И што да правам јас од утре без возачка дозвола? Најверојано ќе ја изгубам и работата, а дома имам две малолетни деца“, ни рече читател кој телефонски се јави во нашата редакција.

Претседателот на државата Стево Пендаровски доцна синоќа побара од Собранието итно да направи законски измени со кои би се овозможила важност на возачките дозволи со името „Република Македонија“. Дали пратениците конечно ќе се соберат и ќе донесат некој закон кој е во интерес на граѓаните останува да видиме. Доколку се сака, тоа може да се реши во еден ден, тоа го најави вчера и новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски кој доаѓа од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното