Од полноќ поевтини горива, цената на бензинот се намалува за 4, дизелот за 3.5 денари

Добра вест за сите возачи доаѓа вечерва од полноќ. Поефтинуваат горивата, и тоа драстично.

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука во која бензините од вечерва ќе бидат поевтини за 4 денари, додека дизелите за 3.5 денари.

Така новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 65 денари.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 61 денар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари.

Извор: ТВ21