Македонија

Од понеделник повторно се активира пајак-службата во Битола, ќе се отстрануваат непрописно паркирани возила

Од понеделник повторно се активира пајак-службата во Битола, ќе се отстрануваат непрописно паркирани возила

Возачите во Битола повторно ќе треба да внимаваат каде ги оставаат своите автомобили, бидејќи од почетокот на следната недела пајак-службата се враќа на терен. Активностите ќе започнат во понеделник, 2 ноември, а ќе се реализираат во соработка со СВР Битола.

Од ЈП „Паркинзи Општина Битола“ информираат дека службата повторно ќе биде во функција со цел да се ослободат сообраќајните површини од непрописно паркираните возила кои го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ги почитуваат законските правила и прописи и одговорно да ги користат сообраќајните површини.

Враќањето на пајак-службата, како што наведуваат, треба да придонесе за подобра сообраќајна организација и непречено движење на сите учесници во сообраќајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни