Од сопственик на фирма до бездомник, водат ли грижа институциите за лицата кои останале на улица

„Се борам, се организирам, победувам“ е мотото на 54-годишниот Хасан Амедовски попознат како Хари, кој имал нормален живот, приватна фирма, а бил во тимот и на некогашното КИМ радио каде работел како водител.  Тој веќе 10 години е без покрив на главата и ги користи услугите на пунктот за бездомници во Момин Поток. Работи хонорарно, веќе 6 години го продава списанието „Лице в лице и заработува за „гола егзистенција“.

„Бев успешен работник до 1992  година додека не почнаа рестрикциите во државата, намалување на капацитетот на работници во општественит е фирми.Работев во металски завод Тито. Од 1992 се борам за опстанок во животот“, изјави Хасан Амедовски – Хари, бездомник.

Хари по професија е машински техничар, но во борабата егзистенција не бира работа. И покрај неговата истрајност и упорност повеќе наидува на негативни одговори отколку на позитивни кога бара работа. Како што вели самиот, независно од капацитот и квалификуваноста, самиот факт дека е бездомник, потенцијалните работодавци го гледаат со други очи.

„Сакајќи да се воздигнам повторно како „феникс од пепелот“, кога немаш стабилна работа, стабилно место за живеење покрив над глава луѓето почнуваат да те гледаат поинаку“, додаде Хасан Амедовски – Хари.

Хари ги потсетува институциите дека и помеѓу бездомниците има работоспособни луѓе, кои би биле општествено корисни. Тие се подготвени за ресоцијализација само им е потребна поголема доверба, а не игнорирање. Од МТСП поради обврските ни испратија писмено соопштение во кое објаснуваат дека со цел обезбедување на можности за реинтеграција  на бездомните лица кои се сместени во Центар за лица бездомници Скопје, преземаат иницијатива за вклучување и на граѓанскиот сектор во реализација на активности за поддршка на овие лица. Финансиски го  поддржало  проектот за реинтеграција на бездомните лица, преку нивно вклучување на пазарот на труд преку социјално претприемништво.

Репортер: Александра Велинова

Извор: ТВ21