Од среда се намалува цената за 10% на 50 прехранбени производи, оние кои се најмногу користени од нашите граѓани

На утрешната владина седница ќе биде утврдена листата на производи за кои од среда ќе се применува намалена продажна цена со важност до 30 ноември. Се работи за 25 категории, поточно за над 50 производи од пекарската, млечната, кондиторската и од месната индустрија кои ќе се продаваат со цена која ја имале пред 1 август, на што ќе се применува намалување од 10 отсто.

Како што денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, кажа пред јавноста, листата на производите за кои ќе важат намалени цени е направена според листата на Државен завод за статистика од производите кои најмногу ги трошат нашите граѓани.

Во секоја продавница нашите граѓани ќе можат на производите јасно да ги видат ознаките за гарантирана цена, и со ова ќе се знае дека означените производи нема да може да поскапат до 30 ноември. Во делот на акциите кои ги спроведуваат маркетите, ќе бидат дозволени акции на производи, но само со пониски цени од гарантираната.

Фејсбук статус на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното