Свет

Од украинските пристаништа извезени се над 13 милиони тони земјоделски производи

Од украинските пристаништа извезени се над 13 милиони тони земјоделски производи

Како дел од „иницијативата за жито“, од украинските пристаништа се извезени повеќе од 13 милиони тони земјоделски производи, соопшти Министерството за национална одбрана на Турција, цитирано од Anadolu Agency.

Според Министерството, од потпишувањето на договорот за извоз на жито, 524 суви товарни бродови со земјоделски производи испловиле од украинските пристаништа.

Извезената количина пченица, пченка, јачмен и други земјоделски производи преку коридорот за жито надминува 13 милиони тони, соопшти Министерството за одбрана.

На 22 јули турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш потпишаа договор во Истанбул за безбеден транспорт на жито од украинските пристаништа.

Документот го потпишаа претставници на Украина, Русија, Обединетите нации и Турција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни