Македонија

Од утре полициски од 20 часот?

Владата денеска ќе одржи итна седница со почеток од 13 часот. Единствена точка ќе биде ситуацијата со коронавирусот, и некои нови мерки кои би биле превземени по последните бројки и ширењето на вирусот во земјава, објави ТВ21.

ТВ21 дознава дека Владата размислува за полицискиот час и забраната за движење да почне порано, односно од 20 часот до 05 часот. Исто така се размислува и за делумно затворање на угостителските објекти.

По завршувањето на седницата ќе има и прес-конференција, на која ќе бидат обелоденети новите одлукли и евентуални мерки ако бидат донесени.

Одлуката за актуелниот полициски час од 22 до 05 часот завршува утре (6. април).

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни