Од в година четири бесплатни подигнувања на пари од банкомати на други банки

Народната банка предлага од почетокот на идната година граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција.

Според гувернерот Трајко Славески, целта е сите граѓани да имаат еднаков пристап до готовина, без разлика во која банка имаат сметка. Тој потсети дека готовината и понатаму ја користи мнозинството, иако во помал обем, и препорача дома секогаш да се има резерва за неколку дена.

Паралелно, се планира создавање национална мрежа на банкомати, која ќе ја користи постојната инфраструктура на банките, но ќе се надгради и оптимизира. Оваа мрежа треба да профункционира до крајот на 2026 година, за да се намали нерамномерната покриеност со банкомати низ земјата.