Македонија

Одбележана неделата на родова еднаквост – Собранието со 21 комисија, а само со 6 раководат жени

Пратеници и граѓански организации на жените се сретнаа во Собрание за да дискутираат за застапеноста на жените на раководни позиции но и за други прашања. Ленка Угриновска од здружението „Ели“  рече дека застапеноста на жените на раководни позиции треба да изнесува 40%. За да се постигне овој резултат во јавниот и приватниот сектор, секако треба да се воведат квоти и временски рокови до кога треба да се постигне бараниот процент.

Гинер Небиу од здружението “Антико“ рече дека до сега се постигнати неколку работи во однос на родовата еднаквост, но дека останува уште многу да се сработи. Жените во руралните средини се по дискриминирани.

Пратеничката Катерина Кузмановска истакна дека за ова прашање многу е важна поддршката меѓу самите жени. Кузмановска додаде дека треба да се преземат сите мерки и потребни политики за зголемување на учеството на жените во општеството и пазарот на трудот.

Претседателката на Клубот на пратенички, Ѓилимсере Касапи рече дека со помош на граѓанските организации и жените пратенички во Собрание, преку закони ќе се постигне родова еднаквост и подобрување на правата на жените.

Во Собрание, од вкупно 21 комисии, со само шест од нив раководат жени.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни