Кирил Колемишевски, заменик министерот за економија, во текот на вчерашниот ден иницираше прекрасна работа акција, која има основа за цел зазелување на Скопје.
Имено, Колемишевски ги пренамени средствата од дневниците од своето прво службено патување, за садење на дрвца во местото каде што живее. Тој даде предлог и идеја и другите да го сторат истото, птоочно три лица.
“Одлучив дневниците од моето прво службено патување да ги потрошам за садење на три дрва во паркот кај мене во маало. Ова ќе продолжам да го правам и во иднина. Бидејќи сам не можам многу да сменам, решив да ги предизвикам три лица (Dimitar Kovacevski, Veland Ramadani и Ljupcho Nikolovski) да ми помогнат заедно да го зазелениме Скопје.
Треба да насадите по некое дрво, да ставите слики на Фејсбук и да предизвикате по тројца ваши пријатели да засадат дрва, па тие тројца по уште тројца и со заеднички сили да покажеме дека се грижиме за својата околина.
Со ќерка ми сме многу благодарни на екипата која денес ги посади дрвата. Да оставиме подобра иднина за нашите деца.” – објави Колемишевски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
