Музика и Филм

Одложени продолженијата на „Невозможна мисија“

Одложени продолженијата на „Невозможна мисија“

Седмиот и осмиот филм од франшизата „Невозможна мисија“, со Том Круз во главната улога, се одложени за 2023 и 2024 година поради пандемијата на Ковид-19, соопштија продуцентите Парамаунт Пикчрс и Скајденс.

„Невозможна мисија 7“ требаше да почне да се прикажува во кината во септември 2022 година, а осмото продолжение во јули 2023 година.

Новите датуми на прикажување на филмовите се 14 јули 2023 година за седмиот и 28 јуни 2024 година за осмиот дел од серијалот.

„По долго разгледување на ситуацијата, Парамаунт Пикчрс и Скајденс одлучија да ги одложат датумите на прикажување на седмото и осмото продолжение на филмот поради доцнење предизвикано од пандемијата“, се вели во соопштението на компаниите. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни