ОДМАЗДА ЗА СМРТТА НА 13 ВОЈНИЦИ ВО КАБУЛ: Ова е дрон што го разнесе главниот планер на Исламската држава во Авганистан!

Сурова одмазда извршена по експлозија во близина на аеродромот во главниот град на Авганистан, кога загинаа повеќе од 170 луѓе, вклучително и 13 американски маринци.

Пентагон потврди дека ракетата испукана од дронот го елиминирала главниот планер на Исламската држава Хорасан (ИСИС-К), која ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад недалеку од аеродромот во Кабул, кога загинаа повеќе од 170 луѓе, меѓу кои и 13 американски маринци!

Бруталната одмазда беше извршена со одобрување на Џо Бајден, претседателот на САД, кој рече дека екстремистите скапо ќе платат за самоубиствениот напад и дека нема да им се прости.

Убиен во автомобил

Акцијата на американската армија следеше помалку од 48 часа по нападот во Кабул, а според Дејли Меил, главниот планер на џихадистите бил ликвидиран додека бил во автомобил со своите соработници во провинцијата Нангархар, на исток на Авганистан. -Извршивме сеопфатна антитерористичка операција против планерите на ИСИС-К. Првите резултати покажуваат дека целта е елиминирана. Сигурни сме дека нема цивилни жртви – изјави Вилијам Урбан, портпарол на американската морнарица.

Беспилотно летало со ознака „МК-9 рипер“ полета од Блискиот Исток, а жителите велат дека во петокот околу полноќ слушнале неколку силни експлозии.