Македонија

ОФИЦИЈАЛНО: Новиот министер прифати, еве кој ќе го наследи Горан Милевски во Локална самоуправа

ОФИЦИЈАЛНО: Новиот министер прифати, еве кој ќе го наследи Горан Милевски во Локална самоуправа

Поранешниот градоначалник на Скопје, Ристо Пенов, ја прифатил понудата да биде министер за локална самоуправа во Владата на премиерот Димитар Ковачевски.

Пенов за „360 степени“ потврди дека по консултациите во изминатите денови решил да ѝ се врати активно на политиката и да го води ресорот што ѝ припаѓа на неговата матична Либерлано-демократска партија (ЛДП).

Инаку, ако Пенов и официјално биде предложен за министер и Собранието го потврди неговиот избор, тој ќе го наследи се уште актуелниот лидер на ЛДП, Горан Милевски, кој даде оставка.

Доаѓањето на Пенов на министерската функција ќе биде негово враќање на политичката сцена по повеќе од 10 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни