„Оилко“ доставил известување до Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) за намерата да стекне контрола врз „Макпетрол“. Од Комисијата информираат дека станува збор за концентрација на капитал со која „Оилко“ би стекнал контрола врз нафтената компанија врз основа на постапка за задолжително преземање на обични акции со право на глас.
Оттаму додаваат дека постапката е започната на 26.12.2023 година, со јавна објава на известување за намера за давање на задолжителна понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од „Макпетрол“. „Оилко“ е компанија со регистрирана основна дејност товарен патен транспорт и истата поседува 25.700 акции со право на глас, издадени од „Макпетрол“, што претставува 22,87 проценти од вкупниот број на акции.
