Свет

Околу 120.000 потрошувачи во јужниот дел на САД без струја по силните бури

Околу 120.000 потрошувачи во јужниот дел на САД без струја по силните бури

Околу 120.000 потрошувачи на југот на САД и денеска се без струја по разорните бури, па им претстојат дополнителни испитувања на горештините од над 35 степени Целзиусови.

Во шумските области на Тексас, прекините на електричната енергија би можеле да продолжат уште неколку дена бидејќи екипите за поправка се борат да ги поврзат паднатите далноводи. Три дена на места нема струја.

Во делови од Луизијана и Мисисипи топлотниот бран дојде со обилни дождови, опасни ветрови и грмотевици.

Во Луизијана ситуацијата е толку сериозна што властите денеска затворија околу 20 државни институции поради опасност од силно невреме.

Повеќе од 120.000 корисници се без струја утринава во Источен Тексас и делови од Луизијана и Оклахома, според претпријатието за електрична енергија.

Уште околу 4.000 потрошувачи чекаат да се врати струјата во градот Перитон во Тексас, кој минатата недела беше погоден од разорно торнадо.

Во јужниот дел на САД денеска се предвидува голема топлина и влажност. Во Остин и Сан Антонио се очекуваат температури над 37 Целзиусови степени.

Во Мисисипи, напорите за поправка на далноводи беа забавени од налетот од неколку торнада синоќа, во кои загина едно лице, а околу 20 беа повредени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни