Околу 60.000 луѓе учествуваа на протестот против Договорот од Преспа, соопшти полицијата

На протестот пред грчкиот Парламент кој беше организиран по повод Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, учествувале околу 60.000 луѓе, објавија од грчката полиција а пренесе МИА.

Во Атина пристигнале и повеќе од 300 автобуси на протестот кој беше спротивставување на преспанскиот договор кој треба да биде ратификуван идната недела во грчкиот парламент, а тој ќе ги отвори вратите на Македонија кон НАТО и ЕУ.

За време на протестот настана и инцидент кога група на маскирани демонстранти ја нападнаа полицијата со тврди предмети, а полицијата врати со солзавец за да ја растера толпата.

Извор: ТВ21